МЗТ им се врати на победите во АБА2 лигата

фото: druga.aba-liga.com/MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

Во последниот натпревар од регуларниот дел МЗТ Скопје Аеродром мораше со пресврт во последната четвртина да дојде до 13. победа сезонава.

Македонскиот кошаркарски шампион ја прекина негативната серија од пет порази по ред во АБА2 лигата, откако денеска пред празните трибини (поради коронавирусот) во СЦ „Јане Сандански“ триумфираше над Ловќен Цетиње со 75:74 (27:22, 14:20, 18:23, 16:9).

Во последниот натпревар од регуларниот дел МЗТ Скопје Аеродром мораше со пресврт во последната четвртина да дојде до 13. победа сезонава.

Во самиот финиш од средбата противникот можеше со целиот „плен“ да си замине од ова гостување, но Поповиќ на две секунди до крајот не реализираше шут за три поени.

За „металците“ доминираше Стојановски со 17 поени (седум скока, четири асистенции), по 15 поени имаа Милошевиќ (осум скока, шест асистенции) и Магдевски (по четири скока и асистенции, но и пет загубени топки).

На спротивната страна за црногорскиот претставник по 13 поени запишаа Врбица (четири скока) и Поповиќ (седум скока).

Играчите предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов и сезонава ќе играат во полуфиналниот плеј-оф за учество во првата АБА лига. Според најавите, полуфиналните двојки се Борац-Сутјеска и Сплит-МЗТ Скопје Аеродром.

На конечната табела во регуларниот дел Борац (Србија) го освои првото место со 42 бодови, пред Сплит (Хрватска) и МЗТ Скопје Аеродром по 35 , а на четвртата позиција заврши црногорската Сутјеска (34).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот