МЗШВ потпиша меморандум за соработка со UN Women

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство потпиша Меморандум на соработка со Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women.

Меморандумот има за цел да ја унапреди родовата еднаквост во земјата преку институционализација на родово одговорно буџетирање во стратешкото планирање во областа на земјоделството и руралниот развој и креирањето на политиките и буџетските процеси, во согласност со меѓународните и националните обврски.

Преку овој Меморандум МЗШВ планира да воведе родова перспектива во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој (2014-2020) и Програмата за рурален развој, со користењето на родовото одговорно буџетирање како алатка.

Во рамки на соработката се планираат активности за унапредување на капацитетите на јавната администрација за воведување на родовата преспектива  во политиките и буџетите за рурален развој.

Проектот на UN Women „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот