МЗШВ отвори дисперзирани канцеларии во Новаци и Могила

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека од денеска се отворени и се во функција дисперзирани канцеларии на МЗШВ во општините Новаци и Могила.

Со отворањето на канцелариите, земјоделците од двете пелагониски општини ќе може директно да комуницираат со стручни лица од МЗШВ, да се информираат и да аплицираат за финансиска поддршка во земјоделството.

„Во овој период актуелно е поднесувањето барања за субвенции од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година кое завршува на 30 мај. Апликациите се однесуваат за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство, односно за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица. Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите“, посочуваат од Подрачната единица на МЗШВ со седиште во Битола.

Дисперзираните канцеларии на МЗШВ во општините Новаци и Могила ќе работаат секој ден од 8 до 16 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот