МЗШВ: Љупчо Николовски нема да користи апанажа

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека со заминувањето од функцијата министер за земјоделство, шумарство и вводостопанство, Љупчо Николовски, нема да ја искористи законската можност за користење на апанажа.

Оваа одлука на Николовски е од морални причини и од интерес на граѓаните.

Ова не е единствено одрекување од бенефициите кои што на Николовски законски му следуваат како функционер.

Во изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот