МЗШВ ги откажа сите планирани настани и работни состаноци

Комуникацијата во наредниот период ќе се одвива телефонски или по електронски пат.

Со цел превенција и елиминирање на можноста од ширење на корона вирусот Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство донесе одлука со која ги откажува сите поголеми настани и работни состаноци. Со тоа, како што соопштуваат од МЗШВ, ќе се намалат директните средби, а комуникацијата во наредниот период ќе се одвива телефонски или по електронски пат.

МЗШВ ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт и инфомрација од министерството тоа да го сторат на меил адреста на МЗШВ [email protected] и на контакт телефонот (02) 3134 477 од 08 : 30 до 16: 30 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот