МЖСПП: Нема повредени во пожарот, причинета е материјална штета во три канцеларии

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во пожарот што денеска изутрина избувна на првиот кат во зградата на поранешна Комерцијална банка, каде се сместени просториите на Државниот инспекторат за животна средина, нема повредени лица, а според првичните информации добиени од Инспекторатот, причинета е материјална штета во три нивни канцеларии, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Храбрите пожарникари ја смирија огнената стихија кај Секретаријатот (ФОТО)

Според МЖСПП, на истиот спрат се наоѓаат канцелариите на Одделението за комуникација со јавност при Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Во моментот на избувнување на пожарот, пред 07.00 часот, ниту еден од вработените не бил присутен во тие канцеларии. За утврдување на евентуална материјална штета во овие простории, ќе се формира комисија во рамки на Министерството. Во тек е увидот од страна на Министерството за внатрешни работи, со кој ќе се утврди причината за пожарот, наведува МЖСПП.

Инспекторат за животна средина: Архивата е оштетена во пожарот, но сите документи ги има во електронска евиденција

Пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка каде се сместени повеќе државни институции, како и МИА, избувна утринава околу 06:50 часот, а беше изгаснат во 08:50 часот. Интервенираа 24 пожарникари со девет возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот