МЖСПП: Да соработуваме со сите институции за да се заштити природата

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) порачуваат дека се подготвени да соработуваат со сите релевантни институции за да ги заштитат вредностите на природното наследство во земјава.

– Политиките за заштита на природата или заштитените подрачја, во согласност со законодавството на ЕУ, се целта на нашата институција, велат од МЖСПП.

Заштитените области, додаваат, имаат културни, историски, археолошки вредности на културното наследство, на кои им се дава статус одреден со закон за нивна заштита и развој.

– Кањонот Матка има статус на природен споменик, а сепак за зачувување на тој статус бара посебно внимание и соработка помеѓу сите надлежни институции вклучувајки ја и Владата на РСМ. Во тек сме на подготовка на Студија за преиспитување на природните вредности на кањонот Матка. Покрај тоа, Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да го унапреди управувањето со заштитените подрачја во РСМ, како Шар Планина, Осоговските Планини, Тиквешкото Подрачје и др, потенцираат од МЖСПП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот