МЗ: За 24 часа регистрирани 76 новозаразени, во Скопје активни се 338 случаи

Фото: Драган Митрески

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната:
•    Скопје 928, активни 338
•    Куманово 469, активни 55
•    Дебар 51, активни 0
•    Штип 104, активни 69
•    Прилеп 212, активни 30
•    Тетово 231, активни 86
•    Струга 84, активни 12
•    Велес 132, активни 29
•    Битола 28, активни 3
•    Охрид 23, активни 6
•    Кавадарци 5, активни 0
•    Гостивар 29, активни 8
•    Гевгелија 4, активни 0
•    Струмица 4, активни 2
•    Крива Паланка 6, активни 0
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 3, активни 0
•    Кочани 38, активни 7
•    Пробиштип 3, активни 1
•    Демир Хисар 1, активни 0
•    Македонски Брод 2, активни 0
•    Пехчево 3, активни 0
•    Берово 1, активни 0
•    Валандово 2, активни 1
•    Виница 3, активни 1
•    Делчево 1, активни 0
•    Кратово 3, активни 1
•    Свети Николе 2, активни 2
•    Кичево 3, активни 1
•    Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 885 теста се преку: ИЈЗ –249, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –35, Биотек -136, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR метода -128 и МАНУ -128.  Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

До утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 31 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14, а на домашно лекување се следат 16 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот