МЗ: Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7739 дози вакцини

Вакцинација во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7739 дози вакцини. Согласно податоците од Министерството за здравство, од вкупниот број аплицирани вакцини вчера, 748 се вакцинирани со прва доза, ревакцинирани се 1629, а трета доза примиле 5362 граѓани.

-Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801 988 граѓани, ревакцинирани се 771 165, а трета доза примиле 15 851 граѓани. Педесет и четири проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Една доза вакцина примиле 57 проценти од полнолетната популација во земјава, додека со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Податоците покажуваат дека 38 проценти од целата популација е вакцинирана барем со една доза, а 35 отсто се целосно вакцинирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот