МЗ: Во првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв

Оваа година човештвото се соочи со глобалниот предизвик, пандемијата предизвикана од коронавирусот. Со цел да се сочува здравјето беа превземени низа мерки и правила, кои едноставно се ограничи времето и просторот на сите нас. Но тоа не беше проблем за нашите крводарители, нашите херои кои и во вакви услови го организиираа нивното време се цел да ги покажат нивната хуманост и алтруизам. Секојднево ги посетуваа просториите каде се даруваше крв, тромбоцити и конвалесцентна плазма, информираат од Министерството за здравство.

Во насока на олеснување на пристапот ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина заедно со Црвен Крст на Република Северна Македонија се реорганизираа во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини на крвни продукти.

Прочитајте и...  Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Институтот е во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти, а исто така постојано ја следи епидемиолошката состојба во земјата за безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.

Во изминатите шест месеци успешно се надмина состојбата, односно се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да чуствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Тоа не беше случај скоро со сите земји околу нас и подалеку кои јавно се произнесеа за видниот недостаток на крвни продукти.

Во првите шест месеци од ова година вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма. Благодарност до сите крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конавелесцентна плазма, тие се херои на денешно време. Институт за трансфузиона медицина порачуваат: Дарувај, биди хуман, биди херој!

Прочитајте и...  Помпео од Прага ја почна посетата на централноевропските држави

Прочитај повеќе

Бајден ја избра Камала Харис за потпретседателски кандидат

Слободен печат

Шведско-норвешка двојка се венчаше на граница поради пандемијата

Слободен печат

Запленети над 100 тони кокаин во Холандија: Полицијата откри нарколабораторија во штала (ВИДЕО)

Слободен печат

Германија се сомнева во квалитетот и безбедноста на руската вакцина

Слободен печат

По судска наредба објавена уште една снимка од Џорџ Флојд: Ново шокантно видео од неговите последни моменти (ВИДЕО)

Слободен печат

Осуда од САД за „безумните” насилствата извршени од власта во Белорусија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Помпео: Авторитаризмот сѐ уште живее во Русија, Кина и Иран

Слободен печат

Мексико: Почнува трета фаза испитување вакцини од САД и Кина

Слободен печат

ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување

Слободен печат

Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Слободен печат

Несреќа во Мексико: Се преврте автобус, загинаа 13 лица (ВИДЕО)

Слободен печат

Франција покрена истрага за ТикТок

Слободен печат