МЗ: Во ковид центрите во земјава се лекуваат 376 пациенти, слободни кревети има

Инфективна клиника Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во ресорното Министерство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 41 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип е хоспитализирани 51 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 30, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 17, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, додаваат од Министерството за здравство. 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 638 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот