МЗ: Вкупно 620 лица во моментов се хоспитализирани

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во ковид центрите во болниците во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 359 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат и на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 620, а има 621 празен болнички кревет во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, во болницата во Штип се лекуваат 27 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид и во Прилеп има по 40 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани три, во Кичево 13, Кавадарци 22, во Гевгелија седум лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот., наведуваат од Министерството за здравство посочувајќи дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

-Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 620 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, наведуваат здравствените власти.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот