МЗ соопшти дека младиот пациент со масивна бронхопневмонија, по своја волја отишол на домашно лекување

Фото: МИА

Министерството за здравство соопшти дека 24 годишниот пациент од Ресен кој почина утрово како последица на Ковид-19 бил примен на 24 август на Инфективното одделение во болницата во Битола, како пациент суспектен на болеста.

Од таму додаваат дека пациентот имал ниска сатурација и отежнато дишење, при што биле направени сите потребни лекарски проверки, притоа тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, па затоа веднаш му била дадена терапија, меѓу другото и кислородна поддршка.

„Откако ја примил терапијата, пациентот одбивал да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен“, велат од министерството.

Тој бил донесен следниот ден, односно на 25 август од болницата во Охрид за хоспитализација во Битола.

„Веднаш хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал“, посочуваат од министерството.

Инаку, пациентот бил без коморбидитети и не бил вакциниран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот