МЗ: Пуштена е во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за заинтересираните за вакцинација против ковид-19

Министерството за здравство
Министерството за здравство (МЗ) информира дека е пуштена во употреба веб-страницата „vakcinacija.mk” на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против ковид-19. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата.
Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување на заинтересираност за вакцинација против ковид-19 и со пополнување на формата, се регистрираат директно во националниот систем „Мој термин”, велат од МЗ.
– Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар и ќе нема потреба пациентите дополнително да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за примање на вакцината. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата, стои во соопштението на МЗ.
Од таму потсетуваат дека вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија.
– Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против КОВИД-19. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини, заклучуваат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот