МЗ: Пациентот кој почина и имаше 25 години имал хронично заболување и се лекувал во „Систина“

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пациентот кој имаше само 25 години, а денес влезе во црната листа на смртни случаи како последица од ковид 19, имал хронично заболување.  Министерството за здравство одговори дека пациентот имал хронично заболување и починал во приватната болница „Систина“, пренесе Фокус.

– Пациентот е пријавен од болницата „Систина“ и имал хронично заболување, се вели во одговорот на Министерството за здравство, без да наведат какво заболување имал.

Во денешната ковид-статистика во којашто има 33 починати, регистрирано е и починато лице на возраст од 40 години од Тетово и 49-годишно лице од Битола.

Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 5 до 11 април е регистрирано намалување од 13,4 проценти на бројот на заразени во однос на претходната недела, но се регистрира зголемување на починатите лица од околу 6 проценти. Во овој период пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица на возраст од 30-39 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот