МЗ: Од 330.320 граѓани со примени две дози вакцини само 96 се заразиле

Вакцинација / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина

Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина.

Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат.

Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина.

Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани.

Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување.

Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот