МЗ: Направено е најголемо зголемување на платите во здравството досега

Направено е најголемо зголемување на платите во јавното здравство досега. За две години направени се рекордни зголемувања во платите на здравствените работници, а медицинските сестри првпат се вистински вреднувани и почитувани, соопшти Министерството за здравство.

Во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за пет отсто. Во јануари 2019 година, следуваше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари. пет отсто за медицинските сестри, осум отсто на медицинските сестри на клиниките и десет отсто за докторите специјалисти. Во септември 2019 година, за пет отсто е зголемена платата на администрацијата во здравството, посочуваат од Министерството.

Од февруари 2020 година, како што се истакнува, за 25 отсто се зголемуваат платите на лекарите специјалисти, а за 10 отсто на медицинските сестри. Вкупно, со сите зголемувања од 2018 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 отсто, а на медицинските сестри меѓу 20 отсто и 23 отсто.

Прочитајте и...  ОН: Расте бројот на фалсификувани медицински производи

Од Министерството наведуваат дека исто така зголемени се коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, некои типови дежурства се зголемени за два до три пати, а првпат приватните специјализанти се платени за својот труд.

Вложуваме во човечкиот капитал и водиме вистинска грижа за нашите здравствени работници, тие да бидат мотивирани во својата работа и својата иднина да ја градат во нашата држава. Во комуникација со синдикатите постигнати се историски договори за вреднување на вложениот труд на медицинските сестри. Министерството за здравство и Владата ги слушаат потребите на здравствените работници и се носат одлуки со кои им се подобрува квалитетот за работа. И во наредниот период, продолжуваме со унапредување на условите за работа на сите здравствени работници во Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Прочитајте и...  Заев: Има пари во државата, ќе продолжиме да ги враќаме кај граѓаните

Прочитај повеќе

Демонстрантите се повлекоа, полицијата го опколи Собранието во Белград (ВИДЕО)

Слободен печат

Светски aгенции: Екстремистите со нападите ја предизвикаа полицијата и немирите во Србија

Слободен печат

Стефановиќ: Обид за насилно преземање на власта

Слободен печат

Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме

Слободен печат

Мицкоски: Пред голема победа сме, заминува срамното и понижувачко време

Слободен печат

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јеремиќ: Власта пушти хулигани да прават нереди и да предизвикуваат судири

Слободен печат

Села: Куманово е со раните на Алмир, ние ќе се бориме секој Албанец да добие држјавјанство со Алиајнса за Албанците

Слободен печат

Ахмети: Мислиш срцето си им го откорнал за некое унапредување на Албанец

Слободен печат

Грција ублажи уште некои мерки воведени поради епидемијата од коронавирус

Слободен печат

Тачи в понеделник заминува во Специјалното обвинителство во Хаг

МИА Агенција

Полицијата во Белград ја презеде контролата врз главните пунктови околу Собранието

Слободен печат