МЗ: На новинарите не им е забрането да снимаат во здравствените институции

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерството за здравство излезе со соопштение во кое се вели дека жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.

-Се надеваме дека дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза- велат оттаму.

Министерството за здравство утре поканува претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат со детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени ЈЗУ-а.

Во вчерашното известување, велат од Министерството за здравство, објасуваат дека никаде нема издадено забрана за снимање и дека новинарите може непречено да известуваат професионално од каде сметаат дека има потреба или е предмет на јавен интерес.

-Во ниту една задравствена установа, не постои наредба за забрана за видеоснимање и фотографирање од страна на медиумски работници. Медиумите може непречено да си ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета или да ги ограничува во професионалното работење- е наведено во вчерашното интервју од министерството за здравство.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) денеска реагираа на попречувањето на работата на новинарските екипи кое се случува во кругот на Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Според повеќе пријави од колеги кои пристигнаа до канцелариите на ЗНМ и новинарскиот синдикат, за време на викендот и денеска на новинарите и снимателите од страна на обезбедувањето на болницата не им бил дозволен пристап и биле бркани дури и на паркингот на болницата- се вели во реакцијата на ЗНМ.

ЗНМ: Медицинските работници не смеат да го ограничат пристапот на новинарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот