МЗ: На Инфективна нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, соопшти Министерството за здравство откако во медиумите се прошири веста дека постои таков пациент во болницата во Кичево.

-Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, соопшти МЗ.

Од таму додаваат во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

-До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници, нагласуваат од министерството.

Пред десетина дена министерот за здравство Беким Сали соопшти дека Институтот за јавно здравје располага со доволно тестови за дијагностицирање на мајмунски сипаници и дека од националниот координатор за имунизација добил потврда дека државата има на располагање вакцини доколку се појави случај.

Видео на денот