Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 позитивни и суспектни пациенти на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство (МЗ) на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19.
– Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес – 23 болни, а во Куманово – 47 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп – 33 во Гостивар – 17, а во Струга – 18 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 22 пациенти, во Кочани – 2 во Кичево – 15, Кавадарци – 21, во Гевгелија – 4 лица, а во Дебар – 11 позитивни и суспектни на коронавирусот, истакнуваат од МЗ.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 580 слободни болнички кревети во ковид-центрите.
Видео на денот