МЗ ја демантира информацијата дека Комисијата за заразни болести не дала препорака за отворање на границите

Јуни 2020 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во врска со објавените написи околу тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите, Министерството за здравство целосно ја демантира оваа информација како невистинита и информира дека на состанокот на Комисијата на заразни болести од 22 јуни 2020 година, Комисијата донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија.

За потсетување, врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата вчера донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, напиша премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот