МЗ: Изминативе два дена биле аплицирани вкупно 4.418 дози вакцини

Вакцинација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Министерството за здравство соопшти дека во изминативе два дена биле аплицирани вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со вчерашниот ден вкупно биле вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот