МЗ: Имаме слух за барањата на кофинансираните специјализанти

Министерството за здравство

Министерството за здравство (МЗ) има слух за барањата на кофинансираните специјализанти и се бара механизам за подобрување на нивниот статус, стои во објавата на министерството испратена до медиумите.

„Во исто време решаваме состојби каде немаше никакво поместување во позитивна насока со години претходно. Нивните колеги кои се приватни специјализанти за првпат се платени за својот труд во 2018 година. Тие дотогаш работеа бесплатно. Фокусот кој прво го ставивме беше на приватните специјализанти, да им овозможиме подобри услови за работа“, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека се бара механизам и за кофинансираните специјализанти. Како што информираат, веќе се договорени да почнат работни групи да работат на решавање на оваа ситуација, но затоа треба да биде во соработка со Фондот за здравствено осигурување и најверојатно со пратениците со цел да се види каква е можноста Законот во тој дел да се промени.

-Откако следната недела ќе ги собереме сите информации ќе имаме и детална динамика како и кога ќе може да се изнајде решение, велат од МЗ.

Од таму потсетуваат дека зголемени се платите и коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, а некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот