МЗ: Го мобилизираме целиот здравствен систем

Скопје, Инфективна клинија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерството за здравство информира дека капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“, преку систем на ротација се зајакнати со медицински кадар со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот. Станува збор за 54 доктори и медицински сестри кои се прераспределени од јавно-здравствените установи ширум целата држава.

„Го мобилизираме целиот здравствен систем за побрзо да го надминеме и овој бран. Со вклучувањето на дополнителен тим значително ќе им ја олесниме работата и ќе им помогнеме на вработените во овие две установи во справувањето со овој непредвидлив вирус. Сакам да им порачам на сите, да ги слушаме нашите лекари, да се придржуваме до мерките заштита, да не се групираме, да носиме заштитна маска и често да ги миеме рацете. Mораме да бидеме свесни дека само од нас зависи. Да ги почитуваме мерките без исклучок“, рече министерот Филипче.

Во функција е ставена и монтажната болница, каде се сместени тројца пациенти. Оваа болница е целосно опремена и има капацитет од дополнителни 72 кревети, како надополнување за Инфективната клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот