8 C
Скопје

МЗ: Епидемијата во земјата се стабилизација, затворени ковид-центрите на Очно и на Клиниката за уво, нос и грло

Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за изминатиот месец, се бележи стабилизација на епидемијата на ковид-19 во земјата. Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата имаат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти Министерството за здравство.

Во извештајот на ИЈЗ за периодот од 11 до 17 јануари, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16 отсто, што споредено со средината на декември (извештај на ИЈЗ за периодот од 14 до 20 декември 2020 г.) е намалување од 13,3 отсто, кога процентот изнесувал 29,3 отсто.

Во истиот извештај од декември бројот на новодијагностицирани случаи со ковид-19 во една недела изнесувал 4.585, а во извештајот на ИЈЗ за минатата недела таа бројка изнесува 2.397, што покажува намалување од 48 отсто. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е речиси преполовен, а значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.

Прочитајте и...  Северна Македонија и Албанија се првите земји од Конвенцијата за полициска соработка на ЈИЕ кои ќе пристапат кон взаемна размена на автоматизирани податоци

Според вчерашната дневна статистика бројот на активни случаи изнесува 11.924. Споредено со истиот датум во декември кога бројката е 21.979, бројот на активни случаи е намален за 46 отсто.

Еден од клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата. Вчера биле хоспитализирани 598 пациенти, што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември, односно 51 отсто.

По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид-центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа, посочуваат од Министерството за здравство.

Поврзани вести

Кампања во Мексико: Сиромашните граѓани се приоритетни за вакцинација против ковид-19

Слободен печат

Филипче: Состојбата на доктор Јота е сериозна, но и стабилна во моментот

Слободен печат

Како пропадна криминалниот план на Дарко Елез и Веља Невоља да го формираат најопасниот клан во Србија

Слободен печат

Канада ја одобри вакцината на „АстраЗенека“

Слободен печат

Авганистанското МНР: Талибанците мора да ги исполнат своите обврски за странските трупи да се повлечат

Слободен печат

СЗО: Во изминатите 24 часа се заразиле 427.000 луѓе со ковид-19 во светот

Слободен печат

Остави Коментар