МЗ: Дел од барањата на средношколците се веќе дел од планот на Комисијата за почеток на учебната година

Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Република Северна Македонија.
На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. Она што беше пред сѐ предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епдидемиолошката состојба во земјата, информираат од Министерството за здравство.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите.
На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите чинителии, заедничката комуникација продолжува и понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот