МЗ: Цените за детските кардиоваскуларни операции не се зголемени и остануваат бесплатни на товар на ФЗО
Министерството за здравство, најостро реагира до политичка партија ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција, во која се изнесени бројни невистини за цените на детските кардиоваскуларни операции.
Вистината е дека ништо не е променето. Операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на Фондот за здравствено осигурување. Цените за детските кардиохируршки операции не се зголемени.
Тврдењата за наводно зголемување од околу 20% по процедура за детска кардиохирургија се целосно неосновани! Цената по процедура е иста во Клиниката Жан Митрев, како што беше и на детската кардиохирургија.
Потенцираме, операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на ФЗО.
Министерството за здравство, Ви стои на располагање и отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите, се вели во соопштението на Министерството за здравство.