МЗ: Цените за детските кардиоваскуларни операции не се зголемени и остануваат бесплатни на товар на ФЗО

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерството за здравство, најостро реагира до политичка партија ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција, во која се изнесени бројни невистини за цените на детските кардиоваскуларни операции.

Вистината е дека ништо не е променето. Операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на Фондот за здравствено осигурување. Цените за детските кардиохируршки операции не се зголемени.

Тврдењата за наводно зголемување од околу 20% по процедура за детска кардиохирургија се целосно неосновани! Цената по процедура е иста во Клиниката Жан Митрев, како што беше и на детската кардиохирургија.

Потенцираме, операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на ФЗО.

Министерството за здравство, Ви стои на располагање и отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот