МЗ: Бараме итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции за маските со лажни сертификати

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Во врска со текстот објавен на порталот irl.mk под наслов „Маски со лажни сертификати за заштита од корона завршиле низ болниците во Македонија, ОЛАФ води меѓународна истрага“, Министерството за здравство информира дека не располага со информации поинакви од она што е објавено во текстот, а е цитирано од МАЛМЕД. На барање на Министерство за здравство, МАЛМЕД достави сосема идентични одговори.

Во однос на информациите наведени во гореспоменатиот текст за набавки на маски со фалсификувани сертификати, Министерството за здравство информира дека нема надлежност да постапува и да врши истраги, ниту пак да утврдува веродостојност на дадените документи.

Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции за да се утврди точната состојба. Министерството целосно стои на располагање во рамки на своите надлежности за соработка со сите надлежни институции за да се утврдат евентуални неправилности во посочените продукти и соодветно да се реагира за да се заштити јавното здравје и медицинските работници.

Меѓународна истрага за маски со лажни сертификати од Ковид-19 кои завршиле во македонските болници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот