МЗ: „Астра-Зенека“ во земјава и понатаму ќе се дава на постари од 60 години

астра зенека
Во моментот, Министерството за здравство има на располагање 30 илјади дози вакцини од Астра Зенека, Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Вакцината на „Астра-Зенека“ во Македонија продолжува да се администрира за граѓаните повозрасни од 60 години, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за здравство.

Европската агенција за лекови (ЕМА), викендов се најде во центарот на недоразбирање, откако нивниот претставник Марко Кавалери погрешно беше цитиран во изјава за италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Во изјавата беше наведено дека претставникот на ЕМА, кажал дека постарите од 60 години, исто така треба да избегнуваат да се вакцинираат со „Астра-Зенека“, освен помладите од 60 години. Меѓутоа, Кавалери рече дека позицијата на Европската агенција за лекови воопшто не се променила во однос на администрацијата на вакцината на „Астра-Зенека“.

ЕМА и понатаму одобрува вакцината од овој производител да им се дава на сите граѓани над 18 години, меѓутоа некои европски земји одбираат да ја даваат на повозрасни од 50 години или на повозрасни од 60 години, поради ретки случаи на згрутчување на крвта.

„За жал, моите зборови не беа интерпретирани коректно во неодамнешното интервју за Ла Стампа“, изјави Кавалери за Ројтерс, додавајќи дека вакцината на „Астра-Зенека“ има поволен профил меѓу ризиците и бенефитите кај сите возрасни групи, но особено за тие над 60 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот