МЗ: 512 пациенти се лекуваат во ковид – центрите

германија ковид
Ковид-19 / Фото: МИА

Во ковид – центрите во болниците во државава во моментот се лекуваат 512 пациенти. Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови, информираат од Министерството за здравство.

Според дневната евиденција на Министерството за здравство, како што се посочува, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од Ковид-19.

Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот