МВР за струшката литија: Не беше возможна поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците

Исто така, како што наведува МВР, старешината информирал дека, во согласност со превентивните мерки, Литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на луѓе во текот на движењето. 

Во врска со верската манифестација ЕРОДИЈА-ЛИТИЈА, што вчера од 15 до 18.30 часот се одржа во Струга а во чест на празникот Свети Ѓорѓија Победоносец“, ОВР Струга согласно предвидените безбедносни протоколи ги презеде сите неопходни безбедносни мерки  и постапуваше во согласност со Владините мерки и протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19, соопшти МВР.

-Во пресрет на верската манифестација, ОВР Струга презеде превентивни мерки кои имаа за цел доследно почитување на пропишаните мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга. На 04.05.2020 година, началникот на ОВР Струга, заедно со други претставници од полициската станица, одржа работен состанок со старешината на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, на која на старешината му беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со Корона вирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење прописно растојание- стои во соопштението на МВР.

Старешината на црквата, појаснуваат оттаму, ги запозна полициските претставници дека, навремено ќе информира за сите планирани активности пред и за време на одржувањето на Литијата и нагласи дека бил во постојан контакт со МПЦ-ОА.

Исто така, како што наведува МВР, старешината информирал дека, во согласност со превентивните мерки, Литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на луѓе во текот на движењето.

-Со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан, ОВР Струга изготви оперативен план и во согласност со истиот, на 07.05.2020 година, изврши физичко покривање на поширокиот  дел од црквата „Св.Ѓорѓи“ , во чиј двор беше забележана помала група верници кои имаа заштитни маски и беа на соодветно меѓусебно растојание. При движење на Литијата кон кејот и на шеталиштето, од споредните улици и од дворовите на приватните куќи, околу 17.30 часот, полициските службеници забележаа движење и  приклучување на групи верници- соопштува МВР.

Иако, како што наведува МВР, имаше обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката на што наидоа од вербална реакција и негодување од граѓаните, таа појава не беше возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на  ситуацијата.

-Напоменуваме дека за разлика од минатогодишната литија каде имаше околу 10.000 верници, годинава регистрирано е присуство од околу 300 лица. ОВР Струга, натамошните мерки за целосна реализација на случајот ги води во координација со надлежното ОЈО, а една од првите задачи е повторно средба со надлежните во црквата „Св.Ѓорѓија“ со цел идентификување на евентуални организатори на непредвиденото и ненајавеното приклучување на групите верници по што ќе бидат поднесени соодветни пријави- се вели во соопштението на МВР.

Во расветлувањето на настанот, целосно е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Скандалозни групирања на струшката литија (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот