МВР за синоќешниот инцидент во Ченто: Ќе се преземат мерки против сите што не го почитувале полицискиот час

Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитувале ограничувањето на движење, велат од МВР.

Синоќа во 22 часот од страна на полициски службеници од полициската станица Гази Баба биле уапсени В.М.(19) од Арачиново, С.Р. (21) од селото Сингелиќ и 33-годишниот В.В. кој живее на улицата Алија Авдовиќ“. Тројцата се приведени поради основано сомнение за непочитување на ограничувањето на движење, велат од МВР за „Слободен печат“.

– Лицата биле уапсени на улицата „Алија Авдовикќ“. По апсењето се собрала поголема група која излегла на улица во знак на протест. По изготвената документација, тројцата уапсени лица се пуштени од полициска станица, а насобраната толпа се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитувале ограничувањето на движење – велат од МВР.

Поголема група граѓани синоќа во скопската населба Ченто се собра на протести откако полицијата за време на полицискиот час уапсила три лица.

Лицата беа уапсени бидејќи не ја почитувале забраната за движење која важи на целата територија на земјава од 16 часот со 5 часот наутро. Во знак на револт, нивни сограѓани излегоа на протест.  Според жителите на Ченто, приведените граѓани играле карти во двор.

На протестот се појави и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски за да ги смири насобраните граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот