МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни

Илустративно фото: David Crausby / Alamy / Profimedia

Безбедносната состојба на подрачјето на Општина Студеничани е разгледана на денешната вонредна седница на Советот на општината, на која присустувале градоначалникот Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево, Миле Трифуновски.

Од МВР информираат дека безбедносната состојба на подрачјето на оваа општина е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување.

Од Министерството потенцираат дека особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.

Советот на Општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа, како што велат, може да предизвика тешки последици.

– Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност”, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), потенцираат од Министерството за внатрешни работи и најавуваат дека ваквите активности во наредните денови ќе продолжат и во другите општини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот