МВР за Јанкулоска: Сè уште немаме добиено никаква наредба за нејзино спроведување

Министерството за внатрешни работи ги демантира обвинувањата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска дека зградата во која живее е под опсада и која со слика од полициско возило пред нејзината зграда порача дека „не бега никаде и е дома“.

Од МВР тврдат дека преземаат стандардни мерки.

-Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот, велат од МВР.

Инаку домот на поранешната министерка е веднаш до зградата на Министерството за внатрешни работи.

Јанкулоска се огласи на Фејсбук: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата, никаде не бегам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот