МВР вечерва приведе 39-годишен маж од Боговиње кој на дете му даде оружје да пука и го објави на Тик-Ток

Фото: twitter/printscreen

Во врска со случајот пренесен преку видео снимка на социјалната мрежа „Тик-Ток”, Министерството за внатрешни работи (МВР), преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, веднаш презеде мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето.

– Како резултат на тоа, вечерва во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ. (39) од с. Боговиње, поради основано сомнение дека на социјалната мрежа „Тик-Ток“  објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица. Тој е задржан во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по чл. 396 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР додаваат дека за настанот е информиран и Центарот за социјална работа, кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност.

ВИДЕО I Се шири како настан во тетовско: Малолетник пука со пиштол со помош на двајца возрасни мажи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот