МВР упадна во 34 локации: Се апсеа криминалци и дилери вмешани со пукањето во Палас (ВИДЕО)

МВР утринава во 5 часот ја спровела акцијата во која се апселе криминалци евидентирани во МВР, со многу кривични дела, кои оперирале на подрачјето на СВР Скопје.

-Одделот за полициска акција приведе лица, можни членови на криминални групи. Дел од нив се привидени за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, недозволено држење на оружје.. – изјави Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер.

Уапсени се дванаесет лица, а дел од приведените се поврзани и со настанот во Александар палас, но повеќе детали ќе се знаат откако ќе бидат завршени сите активности на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Таа додаде дека полициски акции имало на неколку места во Скопје и тоа во Грчец, Центар, Арачиново, Ѓорче Петров… а при претресите одземени се патничко моторно возило, пиштоли, пушки, куршуми, панцири, опрема за видео надзор, прашкаста материја и други предмети.

Воедно, во текот на вечерта од полициски службеници е пронајден, лишен од слобода и предаден во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на ул.„Македонска преродба“ се пронајдени 1,5 килограми марихуана.
Активностите на МВР во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство, рече Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер, ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

Publiée par MИА.mk sur Samedi 7 décembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот