МВР: Со ветингот ќе се види кој е вработен на законит начин

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите што ги шири политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед.

Условите се пропишани со Законот за возила односно членовите 62,63,64,65 и 66. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија.

МВР во сите случаи постапува согласно законите. Исто така не е точно дека некој има можност да влијае врз одлуките на стручните служби во министерството.

Што се однесува до вработувањата, токму во овој период МВР го промовира процесот на ветинг кој ќе покаже кој и како е вработен и тоа ќе и биде достапно на јавноста. Буквално секој вработен ќе биде подложен на ветинг и тогаш ќе се види кој е вработен на законит начин, а кој ќе мора да сноси одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот