МВР со мерки против собирање групи над 5 лица

Засега не се размислува за воведување кризна состојба на поширокото подрачје на Скопје. Можеби во наредниот период ќе се преземат поригорозни мерки со цел ограничување на движењето на луѓето, вели Чулев.

Доколку не се почитува одлуката на Влада донесена на синоќешната седница за забрана за собирање во групи од пет и повеќе лица, припадниците на МВР ќе преземат мерки за растурање на групата со предупредување, а ќе се преземат и мерки согласно Законот за јавен ред и мир, порача на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во однос на тоа дали МВР размислува за воведување кризна состојба на поширокото подрачје на Скопје, министерот Чулев рече дека засега не се размислува во таа насока и оти тоа е одлука што треба да ја донесе Владата.

Тој посочи дека можеби во наредниот период ќе се преземат поригорозни мерки со цел ограничување на движењето на луѓето.

Чулев информира дека секторите за внатрешни работи прават контрола на лицата кои имаат издадено решенија за здравствен надзор два пати дневно со полициски патроли.

Во однос на тоа дали има потреба да се активира резервниот полициски состав, министерот потенцира дека МВР врши анализа во однос на потребите за ангажирање на резервниот полициски состав, но оти засега нивното ангажирање не е неопходно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот