МВР СО ДЕМАНТ: Нема изградба на мигрантски кампови во Македонија

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите и дезинформациите пласирани во одредени медиуми за некаква изградба на кампови за мигранти на територијата на Република Северна Македонија. Станува збор за лага со цел да се манипулира јавноста.

-На министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан што денеска се одржа во Скопје темата воопшто не беше разговарана, а ставот на МВР и Владата на Република Северна Македонија е јасен и дециден дека никогаш нема да се прифати изградба на кампови на територијата на нашата држава- наведуваат од МВР/

Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот