МВР со апел до граѓаните: Возачките дозволи со старото уставно име да се променат до 31 декември
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.
Од таму додаваат дека Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.
„Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви. Поднесувањето документи и сликањето за воаачка дозвола на шалтерите се врши без потреба од закажување на сите пунктови за вадење на лични документи во управни служби на министерството за внатрешни работи“, се додава во соопштението.