МВР синоќа во Скопје казни 134 возачи

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, a 15 санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни во јавен превоз.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест санкционирани возачи на мотоцикли, две мерки за некористење сигурносен појас и 14 санкции за непрописно паркирани возила.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот