МВР се огласи за снимената тепачка во Кисела Вода, поднесени се пријави

Тепачка на улица во Скопје / 17 септември 2021 / фото: Јутјуб/принтскрин

МВР соопшти дека се поднесени прекршочни пријави за вчерашната тепачка на улица во скопската населба Кисела Вода, од која се појави снимка во јавноста.

„Во СВР Скопје, вчера околу 12:25 часот било пријавено дека на булевар „Борис Трајковски”, поради недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(26) и М.Д.(63), двајцата од Скопје. На лицата им се сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Во врска со случајот бил извршен разговор и со сопатничките во нивните возила, кои се обиделе да ги спречат во пресметката“, се вели во полициското соопштение.

Видео на денот