МВР работи на расчистување на случајот со прославата на роденден во Министерството за политички систем

Фото: mia.mk

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска добило пријава за вчерашната прослава на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во новите простории на Министерството за политички систем, на која членови од врвот на партијата не носеле заштитни маски по која веќе постапува и за која бил известен и јавен обвинител. МВР по добиените насоки од него, презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Согласно своите надлежности, велат од МВР, Државниот инспекторат за труд веќе најави вонреден инспекциски надзор во врска со почитување на мерките, препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија заради заштита од ширењето на зараза од коронавирусот на вработените во оваа институција.

– Министерството за внатрешни работи, пак, согласно своите надлежности, постапува по пријава примена во текот на денешниот ден, во врска со која е известен Јавниот обвинител и по добиeните насоки од него, а во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест ковид-19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, изјави за МИА началникот на Одделение за информации од јавен карактер во МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот