МВР: Приведени разбојници во Кисела Вода, украденото ќе биде вратено на сопствениците

Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Приведени четири лица за разбојништво и тешка кражба во Кисела Вода. Двајца од нив му ги земале парите на доставувач, а двајца украле пари, накит и мобилен од куќа.

Од МВР соопштија дека на 4 февруари приведени се Ф.Г. (20) и В.С. (20) од Скопје поради одсновано сомнение дека на 26 јануари оваа година извршиле разбојништво над З.Ц., доставувач во правно лице и му одзеле пари. Во службениот разговор, приведените го признале делото и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Полицајци од ОКР Кисела Вода вчера ги привеле Е.Д. (21) и Џ.И. (19) поради основано сомнение дека истиот ден извршиле „тешка кражба” во куќа на улицата „Драга Стојанова” и украле пари, накит и мобилен телефон.

Од полицијата велат дека по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот