МВР: Приведени двајца криумчари од Штип, пронајдени 14 мигранти

Контрола на возика од страна на МВР/Фото: Архива
Контрола на возика од страна на МВР/Фото: Архива

Синоќа околу 22:15 часот во близина на црква во село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(34) од Штип, а околу 23:50 часот во Гевгелија од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија е лишен од слобода З.В.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”.

-Имено, во 21:15 часот во близина на угостителски објект на регионален пат Прдејци-Смоквица во товарно возило „ивеко”, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б., биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан, додека во Гевгелија е приведен З.В., кој управувал патничко возило „пежо 306″, со штипски регистарски ознаки, поради сомнение за негова инволвираност во кривичното дело, информираат денеска од МВР.

Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка, а против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот