МВР: Приведени 121 лице поради непочитување на забраната за движење

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, се наведува во соопштението, според статистичките податоци, на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.-

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката, се додава во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот