МВР приведе 17 лица поради дрога

Дрога
Дрога / Фото: Министерство за внатрешни работи

Вчера ноќта во периодот од 22.30 часот до 02.50 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица поради поседување дрога.

Како што соопшти МВР, станува збор за Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К. (18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје, Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје.

При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја.

Истата вечер, на паркинг просторот на Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, сооптува МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот