МВР побара од „Телеграм“ да ја затвори „јавната соба“

Во моментов во Бирото за јавна безбедност тече колегиум на кој се утврдуваат тактичките мерки за истрагата околу групата на апликацијата „Телеграм“ на која се споделуваа порнографски фотографии од малолетнички од Македонија. Истрагата е во рацете на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензија во МВР.

Македонската полиција се обрати до службата на мобилната апликација Телеграм лоцирана во Дубаи, за да ја избришат групата „Јавна соба“ во која се споделуваа порнографски материјали од малолетнички, вклучително со нивните телефонски броеви и сексистички коментари. Групата ја крена македонската јавност на нозе, поради содржините што се истакнуваат во неа а кои се вознемирувачки и вулгарни. Познат е и администраторот на групата. Тој користел фотографија на малолетник при претставувањето на интернет-апликацијата која е слична на Вибер.

Истрагата тече во координација со јавното обвинителство.

Досега во полицијата биле доставувани приватни пријави за нарушување на приватноста и за ширење порнографски материјали, на пример по завршувањето на врска меѓу двајца, кога момчето ги злоупотребувало фотографиите што му биле испратени во доверба од поранешната девојка. Но, ова е првпат да постои група од ваков размер, со повеќе од 7.300 членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот