МВР: Петмина повредени во сообраќајка во Ѓорче Петров

Фото: Илустрација

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Полицијата денеска извести дека вчера во 20.20 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Ѓорче Петров“ и „Мајски манифест“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(22) од Скопје, и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(22) од Скопје, а настрадале и пешаци.

При незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и пешаците Б.Т.(19) и уште две лица на возраст од 16 и 17 години сите од Скопје по што биле пренесени во болницата „Аџибадем Систина“ и Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот